| четврток, 6 декември 2018 |

Се покажува вистинското лице: Власта не прифаќа подолго породилно отсуство

Социјалдемократските пратеници ја отфрлија иницијативата за продолжување на породилното отсуство од девет на 18 месеци. Нивните претставници во надлежната Комисијата за политички системи го отфрлија доставениот текст од страна на Снежана Кузмановска, кој што предвидуваше измени во Законот за работни односи.

Антонио Милошоски од ВМРО-ДПМНЕ оценува дека со овој потег, само се покажува вистинското лице на социјалдемократите кои лажно се удираа во гради дека ќе се има слух за граѓанските иницијативи.

Како изговор наведуваат техничка неправилност во текстот, додека предлагачот Кузмановска нагласува дека оваа иницијатива не треба да се отфрли поради чувствителноста на лицата потписници. По предлог на ДИК е доставен и акт со кој што треба да се исправи и корегира настанатата грешка и со тоа иницијативата да биде исправна. И покрај поднесениот акт социјалдемократите оваа иницијатива ја отфрлија како неуредна.

„Оваа грешка е забележана откако процесот за собирање на потписите започна, меѓутоа бидејќи се работи за лица потписници со чуствителен период од животот, имено мајки кои ги оставаат своите бебиња и деца за да го остават потписот, ДИК Скопје за да ни излезе во пресрет не информираше, односно советуваше да составиме АКТ со која би се корегирала грешката на тој начин што ќе ве известиме за истото преку актот“, нагласува Снежана Кузмановска во дописот што како овластен предлагач го доставила до Собранието.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top