| четврток, 6 декември 2018 |

ВМРО-ДПМНЕ: СДС вети и не исполни – гласаа против продолжување на породилното

СДС денес на Комисијата за труд и социјална политка гласаше „против“ измените на Законот за работни односи односно против продолжување на породилното отсуство на мајките, се вели во соопштението на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ.

Според нив Комисијата за труд и социјална политика донела заклучок дека нема став за измените и дополнувањата за Законот за работни односи. Сите членови на комисијата од ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „За подобра Македонија“ гласале и ги поддржале измените за продолжување на породилното отсуство, но не и пратениците од СДС.

Со шест гласа „против“ од СДС и шест гласа „за“од ВМРО-ДПМНЕ, комисијата не можеше да донесе став во врска со овие измени бидејќи немаше можност да се обезбеди мнозинство кои ќе ги поддржат измените на овој закон. И покрај тоа што, СДС гласно говореа дека ќе ја поддржат оваа иницијатива, денес истите тие пратеници и членови на комисијата од СДС ја одбија. Ова е најеклатантен пример за тоа како СДС планира да владее односно како и во минантото, така и сега се расфрла со секакви ветувања пред избори и во опозицијата, но кога ќе дојдат на власт ништо од она што го ветиле, не го исполнуваат и реализраат. Како пратеници очекувавме дека потписите на 217 мајки од граѓанската иницијатива која што ние, пратениците од ВМРО-ДПМНЕ ја преточивме во закон, ќе ги натераат пратениците на СДС да започнат да ги прифаќаат барањата и потребите на граѓаните, а во случајов на мајките. Апелираме, СДС да престане да ги потценува граѓаните и конечно да започнат со испорака на сите ветувања кои ги дале на граѓаните – велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top