| четврток, 6 декември 2018 |

Породилното отсуство не е продолжено: Од утре почнува собирање потписи за референдум

Со собирање на потписи од 20-ти септември до 7-ми октомври во сите градови од државата, активистите од граѓанската иниција 450 породилно очекуваат дека ќе ја остварат  целта – измени во Законот за работни односи.
Со овој Предлог-Закон ќе се зголеми платеното отсуство од работа поради бременост, раѓање и родителство од сегашните 9 (за едно дете) и 15 (за повеќе деца) на 18 месеци за сите мајки кои во моментов се на породилно отсуство.
Предлогот ќе ги вклучи и мајките кои во моментов се на породилно отсуство, а право на потпишување за ова референдумско прашање имаат сите граѓани на РМ над 18 години кои имаат право на гласање и би сакале да ја поддржат иницијативата.
Потписите ќе се соберат во период од 17 дена, и тоа од 20-ти септември до 7-ми октомври во канцелариите на ДИК во сите градови на Македонија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top