Тела на жртви од авионската несреќа во Мјанмар беа откриени во Андаманското Море, соопштија претставници на вооружените сили во Мјанмар.
Најдени се телата на двајца возрасни и едно дете, како и спасувачки елеци, багаж и делови од авионот.
Воен авион на Мјанмар, во кој се наоѓале 104 лица, исчезна вчера меѓу јужниот град Мјелка и Јангон, соопштија властите.
– Комуникацијата беше ненадејно прекината околу 13.35 часот по локално време – се наведува во соопштението од канцеларијата на началникот на Генералштабот.
Во спасувачката операција учествуваат бродови, авиони и хеликоптери.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Нобеловата награда за мир ќе остане во рацете на Аунг Сан Си Чи, нема да и се одземе и покрај извештајот на ОН
-
Се урна авион во море – уште не се знае ни чиј е, ни колку лица загинале
-
Шест пати поголем од Њујорк, а никој не сака да живее во овој град на духови
-
Обновени вооружените судири во Мјанмар, преговорите за мир продолжуваат