| четврток, 6 декември 2018 |

Обновени вооружените судири во Мјанмар, преговорите за мир продолжуваат

mjanmar

Во северозападната провинција Шан, во граничното подрачје на Мјанмар со Кина денеска се обнивија вооружените судири меѓу армијата и борците на племето Коканг.

Медиумите контролирани од државата објавија дека денеска по жестоки артилериски судири имало по тројца загинати и десетици ранети на двете страни. Мјанмарската армиска команда соопшти дека во денешните борби успеала да поврати неколку важни стратешки места.

Обновата на вооружените судири, само еден ден по започнувањето на седмата рунда на преговори за мирно решение на племенските удири со армијата, на кратко ги прекина преговорите, но координаторите на 16 бунтовнички племиња изјавија дека преговорите нема да се прекинат.

По неколкуте инциденти во ова подрачје и цивилни жртви на територијата на кинеската провинција Јунан, која се граничи со Мјанмар, кинеското воено воздухопловство  започна да го контролира воздушниот простор.

Армијата на Мјанмар ги започна операциите против бунтовниците од племето  Коканг пред еден месец. Против добро вооружените бунтовници армијата употребува авијација и тешка артилерија.

По започнувањето на борбите од Мјанмар во Кина пребегаа повеќе од 100.000 лица, а кинеските власти за нив обезбедуваат сместување, храна и лекови.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top