| четврток, 6 декември 2018 |

Шест пати поголем од Њујорк, а никој не сака да живее во овој град на духови

Пред десетина години Мјанмар доби нов главен град. Длабоко во територијата на југоисточна Азија, оддалечен 320 километри од најголемиот град во државата Јангон, Нејпидо при крајот на 2005 година стана главен град, а на 27.03.2006 го добил своето службено име.

Naypyidaw (1)

Баш тоа име кое му е дадено открива големи амбиции на тогашниот началник Тан Шве – дека овој град да се постави како кралскиот главен град. Иако на никој не му било јасно зошто хунтите го преместиле главниот град, една од честите теории е дека тоа било потек на хунтите да се тргнат од крајбрежјето за да не би биле нападнати со војска.

ca851ac1-6064-4798-9eb6-991fc83a445f-2060x1322

Некои пак тврдат дека Шве го направил тоа од празноверни причини, односно дека астрономи го имаат предупредено на напад од „непознати сили“ на Мианмар. Во секој случај, Нејпидо бил замислен како огромен геометриски совршен и правилен нов град, чија изградба била во рацете на 25 различни градежни компании, со помош од војската.

6a28a90e-b256-4476-afda-db400e733f14-2060x1236

Изградбата започнала во 2002 а вселувањето во 2005 година. Додека првата голема воена парада била на 27.03.2006 после откако биле „испуштени 4 милијарди долари“ од воените проектили. Големината на градот е тешко да се помине бидејќи се простира на 4800 квадратни километри, главните авении имаат по 20 ленти, а околу нив се сместени огромни резиденции, хотели и шопинг центри. Освен тоа, градот има свој сафари, зоолошка градина со дограден дел за пингвини и дури 4 голф терени. Никогаш не престанува да има струја, и секој објект има брз и бесплатен вај-фај интернет. Но од сите работи, на овој град му недостасува една основна компонента – жители.

3f123fc3-8344-415c-8cb0-e0bfd20c3473-2060x1236

Службено овој град има нешто помалку од еден милион жители, но таа бројка не се смета за вистинита. Всушност, огромните улици на градот се потполно празни, рестораните и хотелите немаат скоро ниту еден гостин, а одредени луѓе кои поминуваат, целат кон блиската џунгла.

Градот е напросто празен. Дури и луѓето кои работаат во државните институции во оваа метропола, преферираат да патуваат со часови од Јангон отколку да се преселат тука.

profimedia-0266389203_1000x0

– Овде не е интересно. Повеќето луѓе не се ни толку среќни. Тие што живеат во градот е бидејќи можат да заработаат пари и имаат некое работно место. – вели анонимен граѓанин.

Создавачите на Нејпидо најверојатно се надевале дека ќе направат нова Бразилија, а наместо тоа добиле град на духови.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top