Претседателот на Србија и премиер Александар Вучиќ му наредил на новопоставениот директор на Безбедносно-информативната агенција Братислав Гашиќ да го стави под надгледување претседателот на компанијата Александар Родиќ, како и неколку членови на уредувачкиот колегиум и да ги прислушкува. Неколку автомобили со оперативци на БИА се паркирани во близина на зградата во улица Влајковичев во Белград каде се наоѓа „Адрија медија груп“.
Компанијата „Адрија медија груп“ е сопственик на „Слободен печат“, најгласниот поддржувач и медиумски промотор на големоалбанската агенда на Еди Рама и Зоран Заев.
Како што дознава српски Курир донесена е одлука Александар Родиќ оперативно да се следи 24 часа дневно за претседателот и премиер Вучиќ во секој момент да знае каде се наоѓа и со кого се состанува. Промената на уредувачкиот колегиум на весникот Курир од пред неколку дена очигледно ги збунила оперативците на БИА, па како што дознава српски Курир, започнале оперативна работа за истражување на информациите за кариерите на новите колеги во весникот.
Српскиот претседател нема добри коментари ниту за средбата Заев – Родиќ, а на прес-конференција, на новинарско прашање одговара.
-Многу добро изгледаа, како прав претседател и премиер. Идеална слика, си прилегаат еден на друг, вели Вучиќ и додава дека за нападите на Курир ќе има прашања за некои домашни, но и за некои странски политичари.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.