| четврток, 6 декември 2018 |

За културата најважни Албанците и суканиците на Боб Марли: Петрит Сарачини дел од кабинетот на Алаѓозовски

Активистот за албански радикализам Петрит Сарачини се пофали на Фејсбук дека станува советник на новото раководство на Министерството за култура. Како што вели, „со големо задоволство и без многу двоумење“ ја профатил понудата поради две причини – респект кон Роберт Алаѓозовски и сосотојбата со културата на Албанците.

Шилегов и Петрит Сарачини водачи на ордите на СДСМ и СОРОС пред МНР (ВИДЕО)

Со Алаѓозовски, пишува Сарачини го врзувале реге музиката, растафаријанската култура, а Албанците и другите сакал да ги избави од „етноцентристичките политики на претходната власт“.

Инфомакс: СДСМ ги мобилизира Албанците за да предизвика судир во вторник – Пресретната „Вибер“ комуникација со повици за војна пред Собрание!

Од друга страна, настапувајќи како припадник на независната уметничка сцена, Сарачини на „своја кожа“ ги почувствувал „сите проблеми и аномалии со кои се соочува речиси секој независен уметник“, па затоа решил да приложи жртва на олтарот на својата независност и да им помогне на „луѓето од таа бранша да добијат поддршка и услови за да творат уште послободно и понезависно“. Очигледно независните уметници и досега слободно и независно работеле, но на Сарачини слободното и независно творење не му е доволно слободно и независно. Жртвата на овој борец за слобода, права и демократија ќе ја чини државата околу 50 илјади денари месечно.

Петрит Сарачини е војник на Соросовата армија платеници, кој е повеќе познат како насилник отколку како уметник.

„Ќе го запалиме Уставен суд затоа што е неуставен“ – СДСМ и СОРОС во финален атак за уривање на Уставниот суд

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top