Активистот за албански радикализам Петрит Сарачини се пофали на Фејсбук дека станува советник на новото раководство на Министерството за култура. Како што вели, „со големо задоволство и без многу двоумење“ ја профатил понудата поради две причини – респект кон Роберт Алаѓозовски и сосотојбата со културата на Албанците.
Шилегов и Петрит Сарачини водачи на ордите на СДСМ и СОРОС пред МНР (ВИДЕО)
Со Алаѓозовски, пишува Сарачини го врзувале реге музиката, растафаријанската култура, а Албанците и другите сакал да ги избави од „етноцентристичките политики на претходната власт“.
Од друга страна, настапувајќи како припадник на независната уметничка сцена, Сарачини на „своја кожа“ ги почувствувал „сите проблеми и аномалии со кои се соочува речиси секој независен уметник“, па затоа решил да приложи жртва на олтарот на својата независност и да им помогне на „луѓето од таа бранша да добијат поддршка и услови за да творат уште послободно и понезависно“. Очигледно независните уметници и досега слободно и независно работеле, но на Сарачини слободното и независно творење не му е доволно слободно и независно. Жртвата на овој борец за слобода, права и демократија ќе ја чини државата околу 50 илјади денари месечно.
Петрит Сарачини е војник на Соросовата армија платеници, кој е повеќе познат како насилник отколку како уметник.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)