Синоќешниот настап во јавноста предизвика сериозна загриженост во однос на капацитетот на Заев и неговата влада заради правецот во кој што во иднина ќе се движи Република Македонија, смета ВМРО-ДПМНЕ.
-Зоран Заев во вчерашното интервју лажеше. Лагите не може да ги покријат очекувањата на граѓаните од новата влада и ветувањата кои ги даваше. Лагите на Заев нема да го подобрат стандардот на граѓаните. Тие очекуваат од него да ги исполни ветувањата што ги даде пред избори, а не со манипулации и дезинформации да ги дефокусира од обврските кои ги превзеде.
Заев лажеше дека кој било од ВМРО-ДПМНЕ во разговорите со СДС побарал каква било амнестија. Човек што е два пати аболициран за криминал веројатно со ваквите дезинформации сака да си подготви терен и за трета амнестија за случајот „Поткуп“. ВМРО-ДПМНЕ и досега во повеќе наврати демантираше дека воопшто се разговарало со Заев на оваа тема, изјави Христијан Мицкоски на денешната прес-конференција на ВМРО-ДПМНЕ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.