| четврток, 6 декември 2018 |

Десетина граѓани колабирале на пречекот на европскиот шампион Вардар

Голем број граѓани, како во центарот на Скопје, на аеродромот, така и по маршутата по која се движеше шампионскиот автобус на Вардар ги поздравија новите европски шампиони. Поради повисоките температури денеска, од Брзата помош за Сител велат дека десетина лица колабирале на плоштадот

-Интервенциите се на лице место, се класични колапси предизвикани од зголемената температура. Од топлината значи класичен колапс. Ги имаше кај луѓе од сите возрасти, затоа што на плоштадот видовме дека има од бебиња до најстара возраст. Од Црвен крст исто така има стационирани неколку екипи, кои делат вода, се обидуваат рехидрираат граѓаните, меѓутоа премногу е топло и очекуваме да имаме повеќе интервенции, изјави Марија Анастасова од Брзата помош.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top