Иако со децении само си праќале писма еден на друг, без ниту една средба, Џорџ Госон и Лори Герц имале чувство дека пораснале заедно.
Џорџ Госон (56) од Лонг Ајленд се упатил кон Сан Диего во куќата на Лори Герц (54) со која се допишувал повеќе од 4 децении и со која никогаш претходно се немал сретнато. Средбата била прекрасна.
Ова било втор пат како се гледаат, а првата средба била на почетокот на април кога таа го одвела својот син во Њујорк на посета на Универзитетот. Се сретнале во некој локален хотел и двајцата почнале да плачат.
Имале само 12, односно 14 години кога почнале да се допишуваат и тоа преку некој ланец на писма.
Лори објаснува: „Мислам дека секој требаше да напише шест писма и да добие назад 100-тина. Јас добив само едно писмо назад.“
Оттогаш тие двајцата си разменувале по едно писмо месечно.
Кога и дошол во посета, Џорџ и го покажал првото писмо кое таа му го пратила.
Во писмото пишувало: „Здраво Џорџ. Колку години имаш? Јас имам 12 и пол. Дали имаш брат или сестра?
Лори, која денес е мајка на две деца, ги сочувала сите писма кои ги добила од Џорџ и тие за неа се ризница од посебни моменти и хронологија на едно минато време.
Таа вели: „Џорџ е суеверен. Мислеше дека ќе не’ прати несреќа ако некогаш се запознаеме.“
Џорџ рекол дека мислел дека нема да и се допаѓа на Лори, а за време на посетата го запознал и нејзиниот сопруг.
Сопругот на Лори за Џорџ рекол: „Тој е како одамна загубен член на семејството.“
За време на неговата посета биле примени во некое локално средно училиште каде на генерациите кои знаат само за електронска пошта и смс пораки им зборувале за своето старомодно пријателство кое успешно се оджувало со хартија и пенкало.
Лори изјавила: „Имам чувство како да пораснавме заедно.“
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Романтични писма или љубовни картички за денот на вљубените
-
Се допишувале преку писма цели 42 години: Џорџ и Лори конечно се сретнаа (Видео)
-
Валканите фантазии на Холивуд и на американските политичари излегоа на виделина
-
На таванот нашол кутии кои сопругата ги криела 35 години, кога видел што има во нив, не можел да си поверува на очите