| четврток, 6 декември 2018 |

Прекрасна приказна: 42 години се допишувале и конечно се запознале!

Иако со децении само си праќале писма еден на друг, без ниту една средба, Џорџ Госон и Лори Герц имале чувство дека пораснале заедно.

Џорџ Госон (56) од Лонг Ајленд се упатил кон Сан Диего во куќата на Лори Герц (54) со која се допишувал повеќе од 4 децении и со која никогаш претходно се немал сретнато. Средбата била прекрасна.

Ова било втор пат како се гледаат, а првата средба била на почетокот на април кога таа го одвела својот син во Њујорк на посета на Универзитетот. Се сретнале во некој локален хотел и двајцата почнале да плачат.

Имале само 12, односно 14 години кога почнале да се допишуваат и тоа преку некој ланец на писма.

Лори објаснува: „Мислам дека секој требаше да напише шест писма и да добие назад 100-тина. Јас добив само едно писмо назад.“

Оттогаш тие двајцата си разменувале по едно писмо месечно.

Кога и дошол во посета, Џорџ и го покажал првото писмо кое таа му го пратила.

Во писмото пишувало: „Здраво Џорџ. Колку години имаш? Јас имам 12 и пол. Дали имаш брат или сестра?

Лори, која денес е мајка на две деца, ги сочувала сите писма кои ги добила од Џорџ и тие за неа се ризница од посебни моменти и хронологија на едно минато време.

Таа вели: „Џорџ  е суеверен. Мислеше дека ќе не’ прати несреќа ако некогаш се запознаеме.“

Џорџ рекол дека мислел дека нема да и се допаѓа на Лори, а за време на посетата го запознал и нејзиниот сопруг.

Сопругот на Лори за Џорџ рекол: „Тој е како одамна загубен член на семејството.“

За време на неговата посета биле примени во некое локално средно училиште каде на генерациите кои знаат само за електронска пошта и смс пораки им зборувале за своето старомодно пријателство кое успешно се оджувало со хартија и пенкало.

Лори изјавила: „Имам чувство како да пораснавме заедно.“

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top