На 14 февруари се одбележува Денот на вљубените. По тој повод се организира кампањата „Испрати љубов“ која ќе се обиде да ги потсети сите посетители на една добра и стара, но подзаборавена навика – изјавување љубов преку романтични писма или љубовни картички и да донесе возбудлива љубовна еуфорија во градот. Организаторите велат дека постарите ќе ги потсетат на еден од најубавите периоди во нивните животи, кога сета љубов и копнеж по саканите ја пренесувале на парче хартија, а на помладите, пак, ќе им ја доближи традиција што ќе го подигне нивниот романтичен дух.
Во ерата на СМС пораки, е-пошта и онлајн преписки, вистинска реткост е рачно напишано писмо во кое се изнесуваат најчисти емоции.
Како дел од оваа кампања, организирана е и изложба на шест од најпознатите љубовни писма напишани низ историјата, она на Наполеон Бонапарта испратено до љубената Жозефина де Боарне, писмото на Фрида Кало до саканиот Диего Ривера, писмото на Лудвиг ван Бетовен до неговата најголема но за јавноста непозната љубов, романтичните пораки од Елизабет Тејлор до нејзиниот сакан Ричард Бартон, како и писмото полно копнеж на Роналд Реган до сопругата Ненси.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.