| четврток, 6 декември 2018 |

Валканите фантазии на Холивуд и на американските политичари излегоа на виделина

domino
Џени Нордбак, домино-дама од Лос Анџелес, која е попозната под професионалното име „Госпоѓица Скарлет“, ја напишала книгата „Писмата на Скарлет“, во која тврди дека ги открива сите тајни и сексуални фантазии на холивудските ѕвезди и на другите јавни личности во САД.

Џени пишувала и за познати актери, сценаристи, музичари и политичари, кои , како што тврди, од неа, меѓу другото, барале и да ги камшикува, тепа и врзува. Иако Џени ја оставила работата како домино-дама, пред неа е нова кариера, со оглед на тоа дека наскоро излегува нејзината книга која веќе привлекла големо внимание кај американската јавност.

domino2
Во потрага по разбивање на своите сокриени фантазии, Џени Нордбак две години водела двоен живот – во текот на денот била менаџер на градилиште, а навечер станувала „Госпоѓица Скарлет“. Паралелно градела кариера во областа на изградбата на болници и на здравствени установи и во областа на сексот.

-Кога често присуствуваш во ексклузивни приватни фетиш-забави, гледаш многу познати личности и ги откриваш нивните валкани тајни – рекла Џени.

Иако не сака да ги открие имињата на своите клиенти, вели дека станува збор за ѕвезди од холивудскиот и од политичкиот живот за кои слушнале сите, а дека меѓу нив има и голем број жени.

Своите клиенти ги нарекувала според прекари. Според пишувањето на „Њујорк пост“, домино-дамата открила дека еден сценарист уживал во ликот на махараџа, еден од своите филмски јунаци, кога доаѓал кај неа на сеанса.
domino3
Џени Нордбак изјавила дека доминацијата над сите тие навидум силни мажи била убаво искуство.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top