Раул Гонзалез ја освои Лигата на шампионите со Вардар, но нема време за славење затоа што го чекаат обврски со репрезентацијата на Македонија.
Селекторот го објави поширокиот список на ракометари за квалификациските натпревари против Украина и Чешка кои се играат во рамки на квалификациите за ЕП 2018 во Хрватска.
На списокот има вкупно 28 ракометари. Последните две средби од квалификациите за ЕП Хрватска 2018 ќе бидат клучни за конечната разврска во квалификациската група, во која сите четири репрезентации – Македонија, Чешка, Исланд и Украина, засега имаат ист број на бодови.
Натпреварот против Украина на гостински терен во Суми, Македонија ќе го одигра на 15 јуни 2017 (19:00 часот), додека последната средба од квалификациите против Чешка во ВИП Арена „Борис Трајковски“ во Скопје е закажана за 18 јуни во 20.45 часот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.