На 6 јуни (вторник), 20 часот во Отвореното графичко студио при Музеј на град Скопје ќе се отвори изложба на цртежи на Мирко и Лидија Вујисиќ
Параидеологијата е средство на уметникот, како двојазична сликовност, со ликовна и психолошка детерминанта каде авторската порака е асоцијативна препорака за повеќеслојни консеквенци на толкувања…хартиите на цртежите се прекршени, очекувана состојба на идентификација со весник за ефемерна опотреба. Но се претпочитува и некоја претходна состојба во која што од дрвото се издвојува целулозата, сомелува во нов хемијски амалгам и омеѓува во геометриски формат на табак, да врз нив се печати конкретен текст. На цртежите текстот истрошен сведен на “знак”…делови од некој подсокриен симбол. Случајно истуткан лист пресоздава пареидоличен облик, се сугерира преднаменска состојба на мотивот асоцирајќи на морфолошка синтакса од миметички форми… Помеѓу интроспективната проекција на авторот и дејствието на гледачот, се буди тој рефлекс на субјективна анализа во читањето. Помеѓу двата чинитела- авторот и реципиентот – се отвора оној нужен “мета простор” во кој лексиката е поетска, преносните значења се се’ подоминантни. Секој детал ја губи наративната појавност. И од здружување на неколку од нив со насоки на движење вон зададената рамка…низ сетилните патеки, бранувајќи ја емотивната и духовна потсвест на личноста
Лидија Вујисиќ – родена во Скопје. Средно уметничко училиште – отсек грaфички дизајн завршила во Ниш 1976. Дипломирала на ФЛУ – Скопје (отсек графика) 1985. Професор е во Училиште за дизајн и ликовна уметност “Лазар Личеноски” од 1986. Од 1980 до 2017 излагала на многубројни меѓународни графички изложби меѓу кои Intergrafik Berlin, Kanagava – Јапонија, Биенале во Варна, Белград, Белгија, Романија и др. На ДЛУМ изложби добитник е на 10 награди за графика од 1987 до 2016.
Мирко Вујисиќ создава визуелен исказ врз чувствителна, суптилна линија на која се среќаваат и вплотуваат спротивностите помеѓу автоматскиот принцип на бележење на импулсите и воспоставување на рамниште со длабоки лавиринти во сопственото битие…осмисленоста на тој поетски контекст може да се одреди кон потребата да се надмине френезијата на неавтентичноти и визуелного дефинира сопственото промислување на светот и своето место во него…Кај Мирко Вујисиќ се препознава ретката особина која подразбира долго одржување на емотивен напон така што идејата не губи на снага низ процесот на реализација. Воспоставува комуникација од чудесниот свет на внатрешните простори мирејќи ги со префинетите цртачки структури и металната предлошка кои директно ја допираат светлината со темнината на човековата потсвест
Мирко Вујисиќ е роден во 1957. Училиште за применета уметност завршил во Скопје на одделот за графика. Во 1998 магистрирал на Факултетот за ликовни уметности во Белград. Предава како редовен професор на ФЛУ во Скопје
Има реализирано 23 самостојни изложби во земјата и странство со графики, цртежи и слики. Учествувал на преку 80 групни изложби на графика и цртеж во земјата и странство
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.