| четврток, 6 декември 2018 |

Заев брза за да му испорача резултати на „чадорот“: Влада со краток рок за трајни последици

Брза кучка слепи кучиња раѓа. Народот македонски, од дамнина сфатил дека нештата пред воопшто и да се направат, треба „ на тенане“, т.е. добро да се обмислат и полека, со многу труд и љубов, да се изведат и создадат. Арно ама, една елитистичка групација, која никогаш не го слуша тој, според нив, „немиен“ народ, со дузина законски прекршувања и со „ворп 8“ ни донесе влада? Чуму брзината толку широко ги отвора Заевите чакри и чакрите на дузината послушници и ги тера како недоветни да итаат во исполнувањето на процедурите што во досегашната практика се спроведуваа по одредени начела, закони и во предвидени временски рокови? 11годишна жед за власт и моќ, долгови кон 13 тирански коалиционери или, сепак, долг кон некој друг? Можни одговори има цела дузина, а вистинскиот, сепак, ќе го добиеме за многу кратко време. Набргу, нели, по него ќе падне и наведената влада...

Брза кучка слепи кучиња раѓа. Сите ја знаеме оваа стара народна поговорка. Во основа, алудира на лошото влијание на брзината и на непромисленоста во изведбата на која било работа во животот. Народот македонски, од дамнина сфатил дека нештата пред воопшто и да се направат, треба „ на тенане“, добро да се обмислат и полека, со многу труд и љубов да се изведат.

Арно ама, некој во државата наша постојано избегнува да го послуша гласот на народот. Нонстоп истите те исти ликови, кои, дефинитивно, не го заслужуваат поимот личност. Да, оти тој глас е небитен, а тие и така се најумни, најубави, најимотни и најсакани. Јасно, знаеме дека тоа се случува поради фактот што истите тие елитистички намќори се „навлечени“ на слушање на гласот на странците, чадорот и на други немакедонски извори, но, сепак, редно е, барем одвременавреме, некогаш да дигнат и „рачна“. Уште полошо е тоа што овие „слушатели“ на странска музика (која, дефинитивно, не е рок, џез или што и да е квалитетно и урбано, освен ако идолите од „меѓународна“ не им кажале„ ова е јако и добро, слушај го, човеку“), истиот тој народ одамна го сметаа за немиен, за стока и го рамнат со пијаници и со толпа. Како и да е, нивната комуникација со народот ќе беше полезна за сите нас, но, очигледно, кај пучисти и „самокираџии“, овој глас не допира…

Брза кучка слепи кучиња раѓа, а во случајот на Заевата  влада најверојатно слободниот препев  би бил „Брза влада краткотрајни министри раѓа.“ Или беше краткотрајно владеење? Решете се самите, но индикативноста на Заевото брзање отвори многу прашања. Основното е, чуму брзината толку широко ги отвора неговите чакри и чакрите на дузината послушници и ги тера како недоветни да брзаат во исполнувањето на процедурите што во досегашната практика се спроведуваа по одредени начела, закони и во предвидени временски рокови? Можни одговори има многу, а вистинскиот, сепак, ќе го добиеме за кратко време. Набргу, нели, по него ќе падне и наведената влада…

Заев брза поради 11-годишниот пост

Првото и многу логично објаснување, кое ќе го слушнете речиси во секоја кооперација е дека ова брзање на Заев и на неговиот СДС (на кој Македонија не ѝ прилега) е сосема природно. Велат, нема ништо чудно во тоа што социјадемократите, по 11 години во опозиција, толку „изгорени“ и прегорени по власт сега се брзаат да дојдат до неа. Проблемот за нив е уште поголем што 90 проценти од народот таа желба за власт не ја поврзува само со економскиот момент и придобивка за нив. Сите нормални знаат дека истите тие ликови од „Павел Шатев“ не „плачат“ само по пари (иако за најголем дел од нив тоа е силен мотив) бидејќи и така ги имаат на „претек“, најчесто како наследство или, што би рекле „оставнина“ од нивните комунистички предци, биле тоа политичари, судии, удбаши, директори и ред други носители на какви и да е функции во минатиот систем.

Поголемиот проблем е што „нафатираните“ чеда, кои, по правило  својот имот неколкукратно го зголемија во времето на 11годишниот „режим“, исто толку години солзите ги ронат по именката наречена моќ. Да, можноста да ја раководат државата и животот на блиските (и подалечните) сограѓани беше ѕвезда водилка во нивната „борба“ со режимот, чијашто единствена мана беше токму фактот што ги оневозможи во уживањето на оваа бенефиција, според нив, здобиена со раѓање.

Затоа ли Заев и врхушката по 11 години пост ги прекршија сите норми, правила и установена практика? За неговите „напатени“ социјалдемократи што побрзо да го почувствуваат вкусот на владеењето и опијатот на моќта што им го носи на недоветните владетели? Затоа ли на сила и „на врат, на нос“ избраа „спикер“(Џафери никогаш нема да биде ништо повеќе,  длабоко им се извинувам на телевизиските презентери што го споделуваат звањето), а требаше само да почекаат да заврши дебатата на конститутивната седница? Затоа ли ја пресконаа традицијата од 12 денови меѓу поднесувањето и гласањето влада? Делумно да, но тешко дека тоа е главниот, поверојатно, во прашање се други мотиви…

Враќање на долгот кон 13 коалиционери?

Другата, многу поверојатна опција е дека Заев и врхушката брзаат поради големиот долг, кој сега со, за нив, конечното макотрпно добивањето власта, мораат и да го вратат. Сите знаат како СДС без М дојде до своите 49 пратеници, иако поради ситна грешка во пресметките на „чадорот“ и покрај инјекција од 70.000 гласови, повторно се покажа како моментен губитник и послаб од ВМРОДПМНЕ. За да се „испере“ и да ја поправи грешката, истата таа алатка за спречување дождот да дојде до вашето тело (некогаш го спречува и сонцето) ја смисли и тиранската платформа, непристоен предлог, кој, едноставно, мораше да се одбие при преговорите со првиот мандатар. Така чадорот сит, а сите тиранисти сосе Заев на број (Касами дури потоа се пишмани).

Сега, очигледно, доаѓа времето новата Влада и Заев да го вратат долгот кон „партнерите“ што ги донесоа на власт. А долгот кон 13 тирански коалиционери, очигледно, е голем. Настрана, симболиката повторно не е на нивна страна. Ако повнимателно следите, муртинскиот самонаречен спасител има некаков си непрокопсан долг кон уште понекакви 13 коалиционери?! Баксузна бројка, нема што, но долгот си е долг, а списокот на тирански желби е долг. Ако се сомневате во иднината на нивно спроведување токму од оваа влада, само сетете се на кој јазик на првата седница со која претседателствуваше проговори спикерот Талат. Албански, нели. А околу начинот на кој ќе ја спроведуваат, сетете се само на начинот на кој го избраа спикерот, поднесувањето на предлогвладата и гласањето, па ќе ви „светне“ и околу тоа што значат Заевите „реформи“. Ако по утрото денот се познава, „реформата“ на оваа влада ќе биде кршењето и заобиколувањето на сите установени закони и установени правила на игра. Очекувањата на сите познавачи се дека токму на овој начин ќе се спроведуваат и големоалбанските желби од платформата, настрана продолжението на животот на вонуставното и партиско СЈО, специјални судски одделенија итн., итн., итн.
Значи, дали токму албанската коалициска 13ка го притиска спасителот Заев и го забрза неговото доаѓање на власт? Има и од тоа, но поверојатно за овој сдсмовски „ворп 8“ е виновен некој друг, истиот тој што од самиот почеток ја раководи политичката перверзија на македонски терен…

„Тик-так, тик-так“  времето минува, а чадорот чека…

Знаејќи дека тиранската платформа, макар била и декларација, не им падна на ум или народски кажано „текна“ ниту на Ахмети, на Села, на Касами и уште помалку на албанскиот премиеризвршител, кој милува тренерки и „адидас“ патики, брзањето на Заев, најверојатно, се должи на исполнување на рокот на сценариото дадено од „чадорот“. Очигледно, истиот тој налогодавец и сценарист има и свој краен рок наложен од повисоките инстанции. И така, гледано хронолошки, и во тој момент, македонското сценарио изгледаше глупаво и нелогично, но со секој чекор и чин (шарени глупости, „бомби“, СЈО, двојазичност во Берн итн.) стануваше сѐ пореално и, конечно, се реализира со Заевата влада. Веројатно, истиот тој „чадор“ има одреден датум до кој Македонија мора да добие нова и негова влада, која како целосно функционална и со  „фул“ капацитет во одреден момент ќе мора да го врати долгот за „услугата“ со чијашто помош и дојде на власт и ја тргна за нив неподобната ВМРО-ДПМНЕ.

Заев може да ги мавта коалиционерите од тиранската 13ка до утре, а  тие можат да чекаат, па и така се навикнати на неговите лаги и самодеманти на кои беа сведоци минатите три години. Но „чадорот“, тој е друга прикаска. Со него нема играчка, мавтање уште помалку. Дали двојазичноста може да почека, со неа и химната, знамето, грбот, но не и името?! Па со истиот тој нововладин Заев со „ворп 8“ во НАТО, па преговори со ЕУ и што ли уште не. Само што ќе се викаме поинаку, малку ќе ни пораснат ушите и место македонски ќе говориме „иааа, иаааа“, нели…

Веројатно, во услови на промена на геополитичките влијанија и политика и при крај на кариерата направена во време на друга, демократска опција, и не е баш убаво да „извисите“ на последната задача. Уште поверојатно, таквата судбина ве натерала да се обезбедите во успешноста на мисијата, па на грбот или, можеби, на табаните на еден македонски камикаѕе политикант што сте го направиле политичар да напишете „УПОТРЕБЛИВО ДО…“  Па тој сиромашниот, брза ли брза. А добро знаете каде завршуваат политичарите со поминат рок…

Чилиманов: Влада што ќе остане запаметена како траен срам за Македонија

Cvetin Cilimanov-analizaСо­ста­вот на Вла­да­та што го пред­ло­жи Зо­ран За­ев е приб­лиж­но та­ков ка­ков што мо­же и да се оче­ку­ва од оваа ве­штач­ки соз­да­де­на ко­а­ли­ци­ја, ве­ли но­ви­на­рот Цве­тин Чи­ли­ма­нов, осо­бе­но ко­га под при­ти­сок на стран­ски­те дип­ло­ма­ти дејс­тву­ва­ат со цел да се одра­бо­ти по­ста­ве­на­та за­да­ча, а тоа е про­ме­на на ма­ке­дон­ско­то име, иден­ти­тет и вна­треш­но­то уре­ду­ва­ње на др­жа­ва­та.

Чилиманов: Ти­пот лу­ѓе на кои ор­га­ни­за­то­ри­те на ова сце­на­рио мо­жеа да се пот­прат во Ма­ке­до­ни­ја ни е до­бро поз­нат, тоа се ли­ца што до­а­ѓа­ат од кри­ми­нал­но­то под­зем­је или се де­бе­ло по­вр­за­ни со не­го, по­тоа ис­пра­ни мо­зо­ци без свое јас, без образ и без на­ци­о­на­лен иден­ти­тет. Од ал­бан­ски­от блок има­ме уце­не­ти пар­тии, кои, и по­крај тоа што отво­ре­но беа пу­ште­ни низ во­да на де­кем­ври­ски­те из­бо­ри од ме­ѓу­на­род­ни­от фа­ктор на кој тол­ку дол­го му се пок­ло­ну­ваа, се­пак се одр­жу­ва­ни во жи­вот за да ја одра­бо­тат оваа пос­лед­на за­да­ча што им е за­да­де­на. Гле­да­ме де­ка ал­бан­ски­от блок се ре­ми­ли­та­ри­зи­ра, во оче­ку­ва­ње на прес­ме­тка со сѐ по­сил­на­та ал­бан­ска опо­зи­ци­ја, до­де­ка во исто вре­ме и СДС, за­ед­но со сво­и­те по­ли­ци­ски и уд­ба­шки стру­кту­ри се под­го­тву­ва за прес­ме­тка со ма­ке­дон­ска­та опо­зи­ци­ја.

От­та­му не е за чу­де­ње што вре­мен­ски­от рок за прет­ста­ву­ва­ње на но­ва­та Вла­да бе­ше све­ден на ми­ни­мум од стра­на на не­ле­гал­но из­бра­ни­от Та­лат Џа­фе­ри. Што во­оп­што би мо­же­ло по­зи­тив­но да се ка­же за пред­ло­же­ни­те ми­ни­стри? Де­ка Сам­ка Ибра­и­мов­ски и Ед­монд Аде­ми ќе до­не­сат не­ко­ја стран­ска ин­ве­сти­ци­ја? Де­ка зго­ле­му­ва­ње­то на да­но­ци­те што го нај­а­ву­ва Дра­ган Тев­дов­ски – Дан­ска ќе овоз­мо­жи еко­ном­ски по­раст? Де­ка при­ви­ле­ги­ра­ни ка­дри од УКИМ ка­ко Ре­на­та Де­сков­ска ќе спро­ве­дат не­ка­ква ре­фор­ма во обра­зо­ва­ни­е­то? Да се по­тсе­ту­ва­ме на сту­пид­но­сти­те што со го­ди­ни ги тре­се­ше Ала­ѓо­зов­ски? Да оче­ку­ва­ме ам­не­сти­ран кри­ми­на­лец ка­ко За­ев и чо­век што го има на про­фи­ли­те на „Фејс­бук“ на по­ло­ви­на кри­ми­нал­ци во Ма­ке­до­ни­ја ка­ко Оли­вер Спа­сов­ски да спро­ве­дат ре­фор­ми во судс­тво­то и да се бо­рат про­тив ко­руп­ци­ја и за прав­да?

Дај­те да не се бу­да­ли­ме. Оваа Вла­да бе­ше на­си­ла до­не­се­на на власт, во­ве­ду­вај­ќи ја Ма­ке­до­ни­ја во по­лож­ба на про­те­кто­рат, со са­мо ед­на цел пред­ви­де­на од неј­зи­ни­те стран­ски па­тро­ни и на­ло­го­дав­ци. Се­га ќе ви­ди­ме кол­ку тие ќе би­дат спо­соб­ни да го ре­а­ли­зи­ра­ат про­е­ктот до крај – да из­дејс­тву­ва­ат сог­лас­ност од Гр­ци­ја за пла­ни­ра­но­то и при­тоа да го кон­тро­ли­ра­ат ал­бан­ски­от на­ци­о­на­ли­зам што го раз­бу­ди­ја со про­те­жи­ра­ње на ти­ран­ска­та пла­тфор­ма, ка­ко единс­твен на­чин да му на­ште­тат на ВМРО-ДПМНЕ и да го спа­сат СДС од из­бо­рен по­раз. Ова е нај­мал­ку Вла­да на За­ев или на Ма­ке­до­ни­ја, ова е гру­па пла­те­ни­ци и без­лич­ни фи­гу­ри на да­ле­чин­ско упра­ву­ва­ње, кои ќе оста­нат за­па­ме­те­ни ка­ко тра­ен срам за зем­ја­та, за нив­ни­от на­род и се­мејс­тва, кои се ис­пра­те­ни, спо­ред ме­не, во од­на­пред за­гу­бе­на би­тка, ко­ја не­ма да до­не­се ни­ту ста­бил­ност ни прос­пе­ри­тет во Ма­ке­до­ни­ја.

Пишува: Љупчо Цветановски
(Текст објавен во 247. број на неделникот „Република“, 26.5.2017)

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top