| четврток, 6 декември 2018 |

Штербик: Пензија? додека не се вратам во Келн, нема шанси!

Македонија од денеска може да се пофали дека има европски шампион во машка конкуренција, откако Вардар го повтори успехот на Кометал ЃП од пред 15 години.

Најкорисен играч во македонската екипа беше голманот Арпад Штербик, кој го заврши финалето со 11 интервенции. Шпанскиот голман ги сподели првите импресии по освоената европска титула:

– Најслатко е, не знам дали знае некој, но денес игравме финале во ЛШ. Многу сум среќен, не е сеедно да се стигне тука меѓу сите овие фаворити. Сепак, ние сме добро сложен тим и сонот го претворивме во јаве. Им честитам на моите соиграчи, навистина сите игравме како што треба и сите дадовме се од себе. ПСЖ е појак од нас, и физички и поради искуството. Мислам дека нашата најсилна страна е колективот и тренерот Раул Гонзалез. Ние се бориме три години за место на „фајнал-форот“, а јас и тогаш велев дека потешко е да се стигне тука, отколку да се освои титулата. Некои велат дека треба да се заврши кариерата кога сте на врвот, но јас сакам повторно да се вратам овде во Келн – изјави Штербик.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top