Странците кои му ја подарија власта во Македонија на Зоран Заев без да победи на избори, почнаа да ги испорачуваат фактурите до новата македонска власт.
Заменик-помошникот државен секретар за Европа и Евро-Азија во Стејт департментот, Брајан Хојт Ји во интервју за босанската редакција на Гласот на Америка му порача на Заев неговата влада да го решела прашањето за името.
Хојт Ји вели дека очекуваат од новата влада да биде партнер со меѓународната заедница, со ЕУ, САД, со земји-долгогодишни партнери на Македонија, во насока наспроведување на потребните реформи за да може да напредува.
– Да ги реши прашањата со соседите, вклучувајќи ја Грција. Целта е постигнување на спогодби коишто би го деблокирале патот на Македонија кон евро-атлантска интеграција – порача Ји.
Хојт Ји и неодамна потврди дека крајната цел на целото сценарио и инсталирање на Заев на власт без поддршка од македонскиот народ е промена на името на земјата. На почетокот на март Хојт Ји изјави дека со изборот на влада ќе се решел и спорот со Грција со името, а тогаш Македонија ќе можела да пристапи и во НАТО. Решавање на спорот за името, практично ќе значи промена на името.
– Мнозинството во македонскиот Парламент изрази волја да формираат влада. Се надеваме дека македонскиот претседател на мнозинството членови на Парламентот ќе им овозможи што побргу да формираат влада. На државата и треба влада која мора да ги продолжи реформите, кажал Хојт Ји и додал дека со изборот на влада и со продолжување на реформите ќе се реши и спорот со Грција за името, а тогаш Македонија ќе може да пристапи и во НАТО.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.