| четврток, 6 декември 2018 |

Екстерното укинато, било стресно и фрустрирачки

Со 64 гласа „за“ во отсуство на пратениците на ВМРО-ДПМНЕ, ДУИ, партијата на Села и Социјалдемократите во Собранието го укинаа екстерното тестирање.

Според образложението „ Екстерното тестирање како механизам за оценување донесе само стресови и фрустрации во целиот наставен процес“, а новата коалиција додава дека „најголеми контроверзи есктерното донесе во кариерата на наставниците. Доколку оценката на детето по некој предмет во голема мера се разликува од оценката на наставникот (за една или за две оценки), наставникот влегува на „црн список“ и ако тоа се случи две години по ред, тогаш наставникот ќе го загуби своето работно место“.

Оваа популистичката мерка, и според наведеното во образложението, се однесува на се, само не на подобрување на квалитетот на образованието, а на штета на учениците.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top