| четврток, 6 декември 2018 |

Пад од три места на најновата ранг-листа на ФИФА

Фудбалската репрезентација на Македонија забележа пад од три позиции на најновото издание на листата на ФИФА. Од 1 јуни, „црвено-жолтите“ се наоѓаат на 136.место на ранкингот на Светската фудбалска организација, иако немаа активности изминатиот месец.

Од нашата квалификациска група за СП 2018, Шпанија, која ќе гостува во Скопје на 11 јуни, се наоѓа на десеттото место, две места подолу е Италија, а Израелците скокнаа осум позиции и сега се 55-ти. Селекцијата на Албанија е рангирана на 66.позиција, а Лихтенштајн е на 186.место.

Нема промени во првата „десетка“. Највисоко рангирана репрезентацијата на листата на ФИФА е Бразил, пред Аргентина и Германија, а потоа следуваат Чиле, Колумбија, Франција, Белгија, Португалија, Швајцарија и Шпанија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top