Телото на 60-годишната Злата С. облеано со крв го пронашла полицијата вчера во нејзиниот стан во Белград. Осомничен за убиството на несреќната жена е нејзиниот син, триесетгодишниот Милан С., кој најверојатно во вторникот со нож ја распарал мајка си од стомакот до вратот, а потоа му се губи трагот.
Во вторникот вечерта разјарениот Милан ѝ испратил смс на својата поранешна сопруга „Ја убив мајка ми, а сега и тебе“. Бидејќи се посомневала дека е можно Милан да ги остварил заканите, поранешната сопруга безуспешно се обидувала да стапи во контакт и со Злата и со Милан, па потоа го пријавила случајот.
Најверојатно синот ја искасапил мајка си додека се расправале, како што потврдуваат и соседите кои слушнале викање. Не се посомневале, бидејќи секоја посета на Милан на мајка си завршувала со кавги.
-Милан бил секогаш проблематичен, и порано ја малтретираше Злата, велат соседите кои имаат само добри зборови за кутрата жена.
-Повеќе време минуваше на тераса отколку дома, често ја бркаше и зиме, кутрата. Еднаш ѝ ја скрши главата, па кратко беше во затвор, велат тие.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Ужасно е да се носи облека на човек кого го убивме пред 20 минути-oвој детал доведе до разоткривање на бруталното убиство на Кашоги
-
Сопругот на Јанкулоска: Попрво земјата ќе престане да се врти, отколку Горде да го остави Петар!
-
Објавени нови детали за убиството на Кашоги: Само некој кој зема хероин би го направил тоа
-
Ако сте родиле машко бебе имате поголема шасна да страдате од постпородилна депресија