На денешната собраниска седница на Собранието на Република Македонија пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Зоран Илиоски истакна дека за една влада да биде реформска мора да биде предводена од човек кој има авторитет, кредибилитет и поддршка од народот.
-Дури и обидот да се престави оваа влада како реформска според мене е очаен обид. За да една влдата добие легитимитет дека е реформска треба пред се да биде предводена од човек кој што има авторитет, кредибилитет, да има поддршка од народот на избори и пред се да важи за човек кој што во својот живот е чесен и работлив. За господниот Зоран Заев тешко ќе може да најдеме зборови кои што ќе ги оправдаат овие каректеристики, имено за авторитет и кредибилитет, треба да биде човек кој што се држи за својот збор, човек кој што еднаш ќе каже нешто и ќе остане на тоа, истакна Илиоски.
Тој додаде дека Зоран Заев неколку пати ги менува своите ставови и изјави во однос на Тиранската Платформа која што еднаш беше прифатена па потоа отфрлена.
-Прв пат во историјата на Република Македонија се бара мандатарот да потпише гаранции дека ќе ги брани унитарноста, државните интереси и така натаму. Работа и документ кој според мое мислење ќе биде голем терет за оваа влада, бидејќи нормално ќе треба да се држи до овој документ и тоа да го почитува. Искрено поскаувам тоа да биде почитувано. Исто така кога сме веќе кај карактеристиките и доблестите на мандатарот би сакал да напоменам дека нашиот иден премиер на својата глава има две помилувања и судска постапка, додаде тој.
Илиоски потенцираше дека на крајот мандатарот Зоран Заев ги изгуби последните парламнетарни избори и нема доверба од мнозинстово граѓани во Република Макеоднија и додаде дека таа тежина оваа влада ќе мора да ја поднесе.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.