Македонскиот репрезентативен капитен, Горан Пандев, синоќа до рани зори го славеше преминот на својот клуб, Академија Пандев, во ПМФЛ, а денеска за локалниот медиум „Радио Струмица Нет“ вели дека е горд на овие момци кои повеќе од заслужено идната сезона ќе се натпреваруваат во елитата на македонскиот фудбал.
– Горд сум, најсреќен сум за луѓето кои работат во академијата, за овие прекрасни момци. Навистина заслужија влез во Прва лига, бидејќи видовме дека цела сезона бевме доминантни и мислам дека заслужено влеговме во елитата. Треба да обрнеме внимание на младите категории уште повеќе, знам дека младите категории оваа сезона одиграа многу финалиња, но овде не треба да застанеме, треба целата макотрпна работа да ја поставиме во младите категории, да создаваме играчи за првиот тим. Сигурно дека и првиот тим, се надеваме оваа сезона ќе биде една мирна сезона и мислам дека можеме да се носиме и со великани на македонскиот фудбал, како што се Вардар и Шкендија – изјави Пандев.
Овој влез на Академија Пандев во ПМФЛ е прв во историјата, а Струмица по подолг период повторно ќе има прволигаш.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.