| четврток, 6 декември 2018 |

Малдини: Милан е способен да се врати во Лигата на шампионите следната сезона

Легендарниот капитен на Милан, Паоло Малдини, задоволен е како неговиот поранешен клуб пазареше на фудбалскиот пазар, а особено е среќен поради доведувањето на Леонардо Бонучи од Јувентус.

Сепак и покрај големиот број на засилувања, Малдини смета дека навивачите на „росонерите“ мора да бидат стрпливи и дека клубот оваа сезона сè уште не е подготвен за освојување на скудетото.

– Бонучи е големо засилување, не знам што се случуваше во Јуве, но прекрасно е што тој ќе биде дел од Милан. Со него во тимот, Милан сигурно дека ќе биде ривал на Јувантус, можеби оваа година е рано за титулата, но сигурно се враќаме во Лигата на шампионите – изјави Малдини.

Во овој преоден рок, раководството на Милан доведе дури девет нови играчи, со кои сигурно во новата сезона ќе биде далеку поконкурентен. Покрај во Италија, Милан оваа сезона ќе настапува и во Лига европа, а во Лигата на шампионите последен пат играше во сезоната 2013/14 година.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top