Со премиера на „Ничија земја“ на Денис Тановиќ и Александар Морфов, а во режија и адаптација на Морфов ќе се отвори МНТ Фест кој ќе се одржи од трети до 13 јуни во Македонскиот народен театар (МНТ). Мотото на годинашниот МНТ Фест е „Созддаваме на светот убавина“.
Премиерата е на 3 јуни, во 20 часот, а од септември претставата ќе биде на редовниот репертоар на МНТ.
Половина час пред премиерата ќе се отвори изложбата на фотографиите на Драган Гајиќ на која ќе бидат претставени фотографии од театарски претстави.
Следниот ден, в недела е Детскиот МНТ-Фест на кој ќе бидат прикажни „Силјан штркот шанца“ која ќе биде приканажна на малата сцена во 12 часот, а во 18 часот е „„Авантурите на Аладин“. Вечерта на малата сцена во 20 часот ќе биде прикажан документарниот филм „Право кон ѕвездите“.
Во понеделник и вторник (5 и 6 јуни) гостува „Магбет“, Хуи опера и пекиншки оперски театар од Кина. На 8 јуни (20 часот) гостува театарот „Иван Вазов“ од Бугарија со претставата „Дон Жуан“ во режија на Александар Морфов, а следниот ден е балканскиот стенд ап со Сашко Ковец и пријателите (20 часот). МНТ Фест завршува со гостувањето на Народно позориште од Белград, Србија со „Иванов“ каде што главната улога ја толкува нашиот Никола Ристановски.
Директорот на МНТ Дејан Пројковски информираше дека ќе има и две работилници во рамки на МНТ-фестот.
– Десетина млади сликари ќе работат портрети на наши актери. Втората работилиница е за театарска фотографија – рече Пројковски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.