Завршија годинашните археолошки истражувања на локалитетот Сурун, кај Горно Село, Прилепско, што ги реализираа археолози од прилепскиот Завод и музеј.
На овој потег се откриени седум античкомакедонски гробници издлабени во карпи. Ископувањата ги потврдија сознанијата дека на поширокиот простор егзистирала некропола во која се погребувало од крајот на 3 век пр.н.е. до почетокот на 1 век н.е. Во претходните години се истражија две од гробници, а годинава преостанатите пет. За жал, наоди не се пронајдени бидејќи од поодамна гробниците биле ограбени.
– Овој специфичен начин на погребување се појавува во втората половина на 3 век пр.н.е. Се претпоставува дека „новиот стил“ го донесуваат македонските војници по враќањето од Блискиот Исток, каде што ваквиот начин на погребување бил традиција – вели археологот Душко Темелкоски.
Карактеристично за гробниците е што со делкање на карпата се правел дромосот, а по издлабувањето на влезот се формирала и внатрешноста, како и преткомората и комората.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.