| четврток, 6 декември 2018 |

Правила за губење на килограмите, кои, навистина, функционираат

Што се однесува до здравјето и слабеењето, на iнтернет и во многубројни книги за здрава исхрана можат да се пронајдат многу добри совети, но и совети што не функционираат.

Денеска ви претставуваме неколку совети, кои, навистина, функционираат и даваат ефекти што ги посакувате. Еве што треба да направите доколку сакате да добиете тело од соништата:

Едно од најважните правила е зголемениот внес на протеини. Многумина сметаат дека овој совет се однесува само на тие што редовно тренираат, но тоа не е точно. Внесот на протеини е важен за сите, бидејќи протеините ги хранат мускулите и се од најголема корист за нив.

Кога водите сметка за исхраната, треба да вклучите и физичка активност, која ќе биде во согласност со вашите потреби и цели. Не мора секогаш да се форсирате со тренирање, но за добивање на оптимални резултати, гледајте да ги усогласите прехранбените навики со вежбањето.

Една од важните правила е и спиењето. Квалитетниот сон помага во одржување на здрав метаболизам и здрав дигестивен систем, како и враќање на потрошената енергија во текот на денот. Затоа, најважно е да си обезбедите шест до осум часа сон дневно.

Кога сакате да ги истопите масните талози, внесувајте масти, но вистинските. Мастите што се добри за организмот најчесто се наоѓаат во јаткастите плодови, како што се на пример бадемите, ореви и лешниците. Исто така, внесувајте маслиново и кокосово масло, кои се одлични за намалување на лошиот холестерол во крвта.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top