Со портрет на истакнатиот македонски писател Јован Павловски, Друштвото на писателите на Македонија во четврток (1 јуни) во 12 часот, ќе ја одбележи 80-годишнината од неговото раѓање и 60 годишната творечка дејност. Средбата ќе ја отвори претседателот на ДПМ Веле Смилевски, а за творештвото на Павловски ќе зборуваат Лорета Георгиевска Јаковлева и Владимир Мартиновски. Стихови ќе чита Александра Велинова.
Како поет, раскажувач, романсиер, драмски автор, писател за деца и публицист Јован Павловски создаде богат и разновиден опус кој има свое значајно место во тековите на современата македонска литература. Дебитираше со стихозбирката „Август“ во 1962 година, а потоа објави низа поетски книги, меѓу кои: „Медеја“, „Идентитет“, „Ментален простор“, „Одработен страв“ и „Строгоста на живеењето“. Автор е на романите „Тоа Радиовце во кое паѓам длабоко“, „Сок од простата“, „Проверка на слободата“,„Град, години луѓе“ и други.
За своето дело Јован Павловски е добитник на врвни награди, меѓу кои: Рацоново признание, „Стале Попов“, Книжевно жезло за творечки опус, „13 Ноември“ на град Скопје, „Крсте Мисирков“, „Духовен воин“ и „Златно перо“. Неговото творештво е преведувано на 20 јазици во светот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Промоција на најновата книга „Липите кај Сарај куќа“ на Лидија Дочовска Павловска во ДПМ
-
Загајевски стана почесен член на Друштвото на писатели на Македонија
-
„Празник на липите“: Врачени наградите „Книжевно жезло“ на Видое Видически и Ѓеорѓе Добре
-
„Празник на липите“ в четврток во Друштвото на писателите на Македонија