| четврток, 6 декември 2018 |

Станиќ, Батиновиќ и Коражија си одат од Металург, неизвесна е и иднината на Лино Червар

Дамир Батиновиќ и Давид Коражија си заминуваат од редовите на четврт-финалистот во Лигата на ракометните шампиони, Металург. За нив е извесно дека нема да продолжат во редовите на ланскиот првак на Македонија и актуелен освојувач на Купот.

Тимот од Автокоманда ќе прави ремонт во составот, а се најавува дека блиску до заминување е и најдобриот голман во ЛШ, Дарко Станиќ. Тој има неколку понуди. Најзаинтересирани за услугите на српскиот интернационалец се екипи од Катар.

Darko-Stanic-1

Неизвесна во Металург е и иднината на тренерот Лино Червар, а денеска попладне тој ќе има состанок со спонзорот Минчо Јорданов. Дали ќе продолжи соработката или трофејниот хрватски тренер ќе си замине од кормилото на Металург, можно е да се знае во текот на денешниот ден.

lino-cervar-7edc48b55c5d8b57e3f984fb5764d05d_slideshow_fg

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top