| четврток, 6 декември 2018 |

Неофицијално: Ги избра ли Заев министрите од СДС?

sdsm-640x426

Заседава централниот одбор на СДСМ. Претседателот на партијата Зоран Заев во текот на денешниот ден најави дека очекува по седницата на централниот одбор на партијата да биде објавена предлог листата за состав на новата влада.

Во текот на денешниот ден Заев оствари средба со лидерот на ДУИ, Али Ахмети кој доцна синоќа, по седницата на нивното партиско претседателство ги објави предлозите на ДУИ за министри во владата. Со одлука денеска излегоа и од Беса, од каде соопштија дека нема да бидат дел од новата влада.

Седницата се уште не е формално започната, веќе пристигнуваат членовите на одборот. Партискиот врв се уште заседава, а неофицијално, предлогот ќе го предложи Заев до членовите на Централниот одбор. Неофицијално, предлогот изгледа вака:

Радмила Шеќеринска – министер за одбраната

Оливер Спасовски – министер за внатрешни работи

Драган Тевдовски – министер за финансии

Никола Димитров – министер за надворешни

Рената Десковска – министер за образование

Љупчо Николовски – министер за земјоделство

Мила Царовска – министер труд и социјала

Роберт Алаѓозовски – министер за култура

Дамјан Манчевски – министер за информатичко општество и администрација

Горан Сугарев – министер за транспорт и врски

Можно е списокот да претрпи промени, а тоа ќе се знае по состанокот на кој се очекува поддршка да дадат сите присутни.

(извор- 24 вести)

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top