| четврток, 6 декември 2018 |

„Еколошкиот“ министер ќе ја дозагади Владата на Заев

дураку

Лидерот на ДУИ Али Ахмети, по завршувањето на состанокот на Централното претседателство во Мала Речица ги потврди имињата на новите министри во коалициската влада со Алијансата на Албанците и СДСМ, за која како што вели треба да биде официјализирана во понеделник, пренесуваат порталите на албански јазик.

-Благодарение на конструктивната дискусија ДУИ едногласно излезе со одлука за министерските места во идната влада. Заменик-премиер за спроведување на Охридскиот рамковен договор Хазби Лика, вицепремиер за евроинтеграции Бујар Османи, министер за животна средина Садула Дураку, министер за економија Булент Салиу, Крешник Бектеши и Рамиз Мерко како министер без ресор, изјавил Ахмети.

Се појавија низа негодувања околу кадарот кој Ахмети го предложи. Па така на тапет е и Садула Дураку кој треба да се грижи за животната средина во земјава…

Што вели минатото на Дураку?!

„Вечер“ во април 2015 година објави:

дураку1

Поранешен висок функционер на ДУИ од Липковскиот регион бил мета на закани на групата која ја нападна караулата кај Гошинце и потоа побарал од лидерот на ДУИ, но и од високи косовски функционери гаранции за неговата и за безбедноста на неговото семејство. Сериозноста на заканите била причината поради која тој, иако не бил повикан ниту пак планиран, дошол во Приштина и се појавил на завчерашната средба на лидерот Али Ахмети со косовскиот вицепремиер Хашим Тачи и спикер Кадри Весељи. Станува збор за Садула Дураку, поранешен пратеник, министер и потпретседател на Собранието на Р. Македонија од редовите на ДУИ и градоначалник на општината Липково. Информациите на ВЕЧЕР говорат дека тој добил неколку телефонски повици од лидерите на групата која ја нападна караулата кај Гошинце, инаку косовски државјани, и на крајот се појавиле во неговиот дом. Што точно барале од него и зошто токму му се заканувале на Дураку останува непознато.

Ова е од поблиското минато… А што вели архивата за Дураку?

duraku2

Партискиот врв на Демократската унија за интеграција очекува што поскоро, најдоцна до денеска, да биде ослободен членот на Централното претседателство на партијата и поранешен член на ОНА, Садула Дураку од Липково. Партијата е категорична во ставот дека македонските судови не се надлежни за неговиот случај, што им било ставено до знаење и на судските органи и на јавниот обвинител Ставре Џиков од страна на меѓународните фактори. ДУИ контактираше со НАТО, ЕУ и ОБСЕ во врска со приведувањето на својот сопартиец, но лобираше и кај претседателот Борис Трајковски, по што обвинителството и судот ќе треба да го кажат последниот збор…
Високиот активист на ДУИ Садула Дураку беше приведен од страна на Министерството за внатрешни работи во саботата попладне, при рутинска контрола кај сообраќајниот пункт во Сарај, и моментално се наоѓа во Истражниот затвор во Шуто Оризари. Тој е лишен од слобода согласно со наредбата на Основниот суд Скопје 2, издадена на 10 декември минатата година, со која тој се товари за сторени кривични дела тешки форми на велепредавство, загрозување на територијалниот интегритет на Македонија и за воени злосторства против цивилното население.

Или уште еден текст од архивата на Утрински Весник:

Има ли Македонија министер за земјоделство? Да, на оваа фотелја седи Садула Дураку, кадар на партијата на Али Ахмети. Како што стојат работите, ангажманот е само формален, но не и реален. Што би се рекло, министер има, ама исто како да го нема. Земјоделството е една од најслабите точки во Кабинетот на Владо Бучковски. И по речиси една година работење како министер, никој не би го препознал на улица, ниту во град ниту во село. Тој е толку неактивен што е целосно непознати за јавноста.
Со што се прослави Садула Дураку? Со тоа што не се појави за да одбрани ниту еден закон во Собранието, а во негово име на пратенички прашања секогаш одговараше заменикот Санде Џамбазовски. Но, и со нешто друго. Непосредно по именувањето, Дураку направи кадровски хаос во неговиот ресор, разрешувајќи четворица државни службеници од времето на неговиот претходник, адвокатот Славко Петров. Тој одби да прими двајца внатрешни ревизори кои ги поставила Владата по предлог од Министерството за финансии за да го контролира работењето на земјоделството.

duraku3

Се чини на социјалдемократот Зоран Заев не му пречат ниту криминалци, ниту борци на ОНА, ниту докажани џаболебари… Важна е само премиерската фотелја и личниот интерес.

Еве дел од она што ќе седи на иста маса со Заев на владините седници:

Интересот пред ветувањата – СДС го обвинија Бујар Османи за криминал, сега ќе му дадат фотелја

Господ ќе ја создаде, Господ ќе ја тргне – тешко нас со вакви „реформатори“ во Влада

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top