| четврток, 6 декември 2018 |

Касами: Нема да гласаме за оваа Влада

 

kasami

Лидерот на партијата Беса, Билал Касми, денеска на прес-конференција соопшти дека неговата партија нема да учествува во Владата.

– Оваа одлука е на Централното претседателство и Централниот совет на партијата – рече Касами.

Тој го обвини мандатарот Заев дека не бил подготвен да го потпише договорот за, како што вели, заедничко владеење и да ги прифати нивните принципи.

– Беса нема да биде во новата Влада бидејќи мандатарот не беше подготвен за заедничко владеење и за тоа да потпише заеднички договор. Ќе продолжиме да бидеме конструктивен фактор во Република Македонија, заштитник на правата на Албанците, но и интересите на сите граѓани. Беса ќе ја поддржи секоја иницијатива на новата влада која ќе биде во интерес на Албанците и државата – истакна Касами.

На новинарско прашање дали Беса во Собранието ќе гласа за состав на новата влада, Касами рече „како што тргнале со овие предлози од ДУИ, тешко дека ќе гласаме“.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top