| четврток, 6 декември 2018 |

Максвел се пензионира како фудбалер со најмногу трофеи!

maksvel

Бекот на ПСЖ, Бразилецот Максвел официјално замина во пензија, откако синоќа во Париз во финалето на Купот на Франција го одигра својот последен натпревар.

Со победата против Анжер, Максвел го освои 37. трофеј во кариерата, со што стана најтрофеен фудбалер на сите времиња. Со оваа титула тој го надмина Рајан Гигс од Манчестер јунајтед кој има 36, а потоа следуваат Витор Баија со 35 и Дани Алвеш со 34 титули.

Максвел првата титула ја освои со Крузеиро пред 17 години. Потоа се пресели во Европа и со Ајакс ги освои сите домашни одличја. Мина во Италија и со Интер подигна три скудета, па го облече дресот на Барса и двапати ја освои Примера и еднаш Лигата на шампионите. Во ПСЖ четири пати беше првак на Франција и трипати го освои Купот на оваа земја.

Максвел најави дека ќе се врати во Бразил, каде ќе одлучи дали и натаму ќе остане во светот на фудбалот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top