| четврток, 6 декември 2018 |

Нападната дадилка во Прилеп: Ја онесвестил, па врзал, а не украл ништо

Вчера околу 12,00 часот во Прилеп на ул.„Оревојачка“ поточно во куќата сопственост на Д.Р. (41), додека дадилката П.И. (47) од Прилеп го чувала детето на Д.Р., внатре влегол непознат сторител и со тврд предмет ја удрил П.И. во пределот на главата и истата се онесвестила.

Откако со самолеплива лента и ги врзал рацете и и ставил ткаенина во устата, натрапникот низ куќата извршил пребарување, притоа не одземајќи ништо, го напуштил местото на настанот.

На П.И. и била укажана медицинска помош и констатирани и биле телесни повреди од страна на лекар од Итната медицинска помош.

Увид извршила екипа од НККР-ООК и ОКТУПА, а прилепската полиција презема мерки за пронаоѓање на сторителот и целосно расчистување на случајот.

Слика:архива

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top