| четврток, 6 декември 2018 |

Мурињо како одговор на Сити го носи Обамејанг во црвената страна од градот?!

obamejang

Лудилото во Манчестер почна, и ќе продолжи со несмалено темпо. Се ближи почетокот на летниот преоден рок, а Пеп Гвардиола, менаџерот на Манчестер сити, го отвори прв, предвреме, со потписот на Бернардо Силва, одличниот играч за врска на Монако. За него „граѓаните“ платија 60 милиони евра.

Но, нема да остане покус ниту Жозе Мурињо. Медиумите на Островот најавуваат дека Португалецот издал наредба челниците на клубот да отпочнат преговори со Борусија Дортмунд за Пјер – Емерик Обамејанг. За него „црвените ѓаволи“ се подготвени да платат 85 милиони евра.

Една од опциите на Мурињо беше Алваро Мората, но тој најверојатно ќе ја одбере Италија и ќе потпише за Милан. Токму поради ова Мурињо побара на „Олд трафорд“ да биде доведен Обамејанг. А, потоа и Антоан Гризман…

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top