| четврток, 6 декември 2018 |

Замислете си го прашањето и одговорот ќе те одбере тебе: Кругот на Нострадамус точно ја открива иднината!

Замислете си го прашањето и одговорот ќе те одбере тебе!

Неговите предвидувања се остварувале, а се остваруваат и ден-денес, и тоа со исклучителна прецизност

Нострадамус бил астролог, лекар и алхемичар, но стана познат во целиот свет, благодарение на неговите пророштва

Желбата за тишина

Нострадамус пишувал пророштва во метафори, но велат дека предвидувањето на судбината по круг, исто така, го смислил тој, иако нема писмени или усни докази за тоа.

Сепак, овој метод е едноставен и изненадувачки прецизен!

Затворете ги очите, фокусирајте се на прашањето кое ве интересира во моментот, и допрете ја областа на кругот. Погодениот број е одговор на вашето прашање.

Одговорите погледнете ги во продолжение на текстот

1. Да. Вие припаѓате на оние луѓе кои не ја губат присебноста и присуството на духот, дури и во најтешките ситуации. Затоа, не кревајте ги рацете од решавање на вашите проблеми, бидејќи имате издржливост и трпеливост. Ве чека успех. Имајте доверба во себе и другите.

2. Да. Но, не денес, и не утре. Некој ви стои на патот и се обидува да ве збуни. Не го земајте премногу сериозно. Но, не го потценувајте ниту тој отпор. Избегнувајте конфликт. Обидете се да пронајдете позитивно решение за вашиот проблем.

3. Да. Настаните ќе ги надминат вашите очекувања во наредните денови. Ако почнете умно да го користите својот резервоар на енергија, и не го трошите на ирелевантни работи, предноста ќе биде на ваша страна. Во секој случај, имајте трпение и издржливост, како во однос на себе, така и кон другите.

4. Да. Во овој момент, изгледа како да ви се насмевнува среќата. Затоа, нема причина да се сомневате во позитивниот исход. Среќата уште долго време ќе ве следи. Уживајте во овие среќни недели …

5. Токму така. Во овој момент, посветувате премногу внимание на мислењето на другите и поради тоа ја пропуштате пријатната ситуација. Не чекајте премногу долго, дадете им на другите до знаење дека мораат да ве почитуваат вас и вашето мислење. Малите тактички игри доведуваат до заблуда и одат на штета на взаемната доверба.

6. Сè ќе ви оди малку потешко отколку што очекувате. Тргнувате од погрешни претпоставки. Другите луѓе го гледаат тоа во сосема поинакво светло. Затоа е крајно време да сослушате добар совет на блиска личност, и да не подлегнувате на лажната надеж.

7. Прашањето за сега не е решливо. Дајте си време и не ја полнете главата со други несозеани или неважни проблеми. Обидете се да уживате во моментот. Подоцна, сè ќе се реши. Ако сте многу загрижени, обратете му се за помош на магичниот круг за една недела.

8. Внимателно. Обидете се да не верувате на сè што ви велат. Држете одредена дистанца во некои работи. Денес, сè околу вас изгледа поповолно, отколку што навистина е. Бидете внимателни и внимавајте да не се почувствувате разочарани подоцна.

9. Без сомнение. Но, ќе ви треба помош. Разговарајте со вашиот добар пријател за проблемите што ги имате, затоа што тој е објективен и ги гледа работите порационално.

10. Да. Но, не давајте да ве доведат во заблуда. Покажете повеќе самодоверба и сигурност, а потоа сè ќе биде во совршен ред. Во овој момент, можете целосно да се потпрете на вашата интуиција. Подоцна нема да доживеете ниту најмало разочарување.

11. Прашањето е поставено прерано. Оставете го за момент по страна, сè уште не созреало. Бидете попустливи. Ќе ве ценат поради тоа …

12. Многу е можно. Сè напредува многу побрзо и попозитивно отколку што сте си замислувале. Важно е да не се обидувате да се стекне впечаток дека сте незаинтересирана личност. Обрнете внимание: некој искрено се обидува да стане ваш пријател.

13. Сè што ќе се случи онака како што не е планирано. Вие делувате нерешително. Тоа ги доведува во заблуда некои од вашите пријатели. Ве сметаат за непредвидлива личност, што не ви оди во корист. Уништете ја оваа слика. Ве сакаат повеќе отколку што мислите.

14. Сè ќе биде добро. Но, само ако самите покажете активност. Сè е дозволено, но не и одлагањата. Преземете ја иницијативата во ваши раце и изненадете ги сите со вашата ефикасност и богатството на идеи.

15. Да, можете да се потпрете на својата среќа. Ве очекува поволен пресврт на судбината. Сега не мора да измислувате ништо, туку само да почекате. Избрзаните активности ќе ве однесат во погрешна насока и можат да ви наштетат.

16. Сите надежи ќе бидат исполнети. Но, сосема поинаку отколку што сте си замислувале. Затоа, бидете подготвени за било какви промени и не се концентрирајте само на единствената цел. Покажете флексибилност и не отфрлајте ниту еден аргумент.

17. Прашањето е сè уште отворено. Треба внимателно да ги разгледате вашите желби, бидејќи вашите чувства сè уште не созреале до крај. Значи, премногу очекувате од другата страна. Во наредните денови сè ќе остане непроменето.

Сепак, една среќна околност може да го појасни вашиот проблем. Внимателно слушајте го внатрешниот глас.

18. Кај вас може да има потешкотии. Отпрвин ќе бидете разочарани, но тоа не значи дека вашите шанси се еднакви на нула. Напротив, разочарувањето ќе го стимулира позитивниот развој. Вашиот круг на пријатели расте, станува подобар и постабилен.

19. Недовербата и лутината се сè уште далеку од вас. Но, ако брзо не ги ослободите своите сомнежи, многу нешта ќе расипете. Ако вашата среќа ве заобиколува, виновникот може да ви биде претерана скромност и несигурност. Отфрлете ги настрана! Бидете отворени и дружељубиви со други луѓе.

20. Да. Во овој момент, среќата е на ваша страна. Затоа, нема причина да се сомневате во поволен исход. Уште долго време ќе уживате во среќен период.

21. Да. За постигање на крајната цел која треба да се постигне, останало да се вложи само малку напор. Бидете смели, ризикувајте и сигурно ќе успеете. Бидете внимателни кон сè што се случува околу вас и имајте на ум – не постојат случајности. На овој свет, ништо не е случајно.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top