| четврток, 6 декември 2018 |

Нови филмски остварувања во „Синеплекс“: Вил Смит и неговиот син во главни улоги

Оваа недела кино репертоарот на „Синеплекс“ е дополнет со две филмски остварувања.
Во филмот „Земја: Нов почеток“ по седум години од нивното прво заедничко појавување на филмски проект, повторно имаме можност да ги видиме познатиот актер и пејач Вил Смит и неговиот син Џејден Смит во главните улоги. Овој пат станува збор за нова авантура, научна-фантастика која ги следи Сајпер и Китаи во нивната борба за опстанок и можност за повторно враќање дома.
Откако со својот брод ќе доживее несреќа, тинејџерот Китаи Рејџ (Џејден Смит) и неговиот легендарен татко Сајпер (Вил Смит) ќе останат затечени на Земјата, планета која по катаклизмичната случка пред илјада години е напуштена од човековата раса. Поради претрпените повреди, Сајпер се наоѓа во критична состојба и малиот Китаи мора да се упати на погубливо патување за да прати сигнал за помош. Тој ќе се бори на непознат терен, со потполно ново развиени животински суштества кои сега владеат со планетата. Таткото и синот ќе мораат да научат да соработуваат заедно и да си веруваат ако сакаат да добијат некаква шанса за сигурно враќање дома.
Повторно имаме можност да го видиме и актерот Двејн Џонсон на нашиот репертоар. Во овој филмски трилер насловен „Доушник“ тој се обидува да го заштити и ослободи својот син. Еден човек чиј син е наместен во зделка со дрога и е притворен од властите, влегува тајно во Одделот за борба против дрога за да го ослободи својот син.
Утре за  прв пат во киното „Синеплекс“ ќе се емитува балетски пренос во живо. Изведбата на „Лебедово езеро“ која одбележува 275 години од Рускиот Балет, ќе биде прикажана во живо од театарот „Марински“ во Санкт Петербург, Русија. Овој посебен настан ќе биде снимен во театарот „Марински“ и симултано пренесен на големото платно на најсовремениот аудиториум – Марински 2, а истовремено и на големото платно во „Синеплекс“ со почеток во 19.15 часот, во четврток на 6 јуни.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top