| четврток, 6 декември 2018 |

Ни ДУИ ни Касами, екстерното ќе го изгори Заев

Расте разочараноста на децата, а со тоа и револтот на родителите. Со последната лага Заев директно задре во животот на обичниот човек - му вети, го потпали, го излажа и го изневери. Обичниот човек, оној кој без да знае што избира, гласаше за живот во Македонија. И сфати - избра во Македонија да живее на принципот „пу-пу не важи“

eksterno priemen ispit uceniciОткако стана јасно дека роковите за одржување на екстерното тестирање за учениците се поблиску отколку денот кога Заев ќе успее да состави влада, машинеријата која ја проповедаше светлата идеја за укинување на тестовите се вклучи во втора брзина и преку медитација се обидува да ги смири родителите и децата, но истовремено и да го испере човекот кој веруваше ветер и магла. Како ќе им успее, никој не знае, но незадоволството на децата расте, а со тоа кулминира разочараноста на родителите, кои веруваа дека овој јуни ќе го дочекаат без дополнителни стрсови.

На социјалните мрежи се јавија две влијателни имиња кои гласно повикуваат на бојкот на екстерното тестирање.

Влатко Васил и Јасна Шоптрајановасе согласуваат – ако не може да се укине, да се бојкотира екстерното оценување на учениците. Ете, Васиљ и Шоптрајанова смислиле сите деца да отидат на испитот и да не го решаваат, а сите родители да ги испратат децата од дома наместо „Со лесно“ со „Бојкот“.

vasilj eksterno

jasna soptrajanova

Шоптрајанова дури бара и поддршка за идејата од младите пратеници Ивана Туфегџиќ и Стефан Богоев, но Ивана засега се уште не се охрабрила да одговори, а Богоев ќе го чека вторник. Вторник ќе дојде и ќе пројде, родителите и децата стресно ќе го поминат викендот, Богоев и натаму ќе нема решение, а на ѕидот над главата на Заев ќе се запише уште една рецка за голема лажга.

Screenshot (5) soptrajanova

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top