Откако стана јасно дека роковите за одржување на екстерното тестирање за учениците се поблиску отколку денот кога Заев ќе успее да состави влада, машинеријата која ја проповедаше светлата идеја за укинување на тестовите се вклучи во втора брзина и преку медитација се обидува да ги смири родителите и децата, но истовремено и да го испере човекот кој веруваше ветер и магла. Како ќе им успее, никој не знае, но незадоволството на децата расте, а со тоа кулминира разочараноста на родителите, кои веруваа дека овој јуни ќе го дочекаат без дополнителни стрсови.
На социјалните мрежи се јавија две влијателни имиња кои гласно повикуваат на бојкот на екстерното тестирање.
Влатко Васил и Јасна Шоптрајановасе согласуваат – ако не може да се укине, да се бојкотира екстерното оценување на учениците. Ете, Васиљ и Шоптрајанова смислиле сите деца да отидат на испитот и да не го решаваат, а сите родители да ги испратат децата од дома наместо „Со лесно“ со „Бојкот“.
Шоптрајанова дури бара и поддршка за идејата од младите пратеници Ивана Туфегџиќ и Стефан Богоев, но Ивана засега се уште не се охрабрила да одговори, а Богоев ќе го чека вторник. Вторник ќе дојде и ќе пројде, родителите и децата стресно ќе го поминат викендот, Богоев и натаму ќе нема решение, а на ѕидот над главата на Заев ќе се запише уште една рецка за голема лажга.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Заев на Самитот на земјите членки на Европската иницијатива
-
Заев незадоволен од Хазби Лика, Османи: ДУИ нема намера да менува министри
-
Заев: Горам од желба да ги соопштам деталите за бегството на Груевски
-
Граѓани преку Фејсбук повикуваат на бојкотирање на наставата во училиштата поради загадениот воздух