| четврток, 6 декември 2018 |

Уапсен авторот на смртоносната игра „Син кит“: Девојче скокна во река, а родители го нашле мртвиот син…

Како што во последните месеци од Русија низ остатокот на светот се прошири вирусот на опасна онлајн игра „Син кит“, по неколку месеци е уапсен и нејзиниот креатор 21 годишниот Русин Филип Будеикин, кој е обвинет за смртта на дури 16 средношколки кои наоводно се убиле поради оваа игра, пишува порталот Репортер.мк.

Најновите текстови на светските медиуми сведочат за обидот за самоубиство на 15 годишна руска тинејџерка, која поради оваа игра, се обидела да скокне во реката и на тој начин да се убие.

Кога од реката ја спасиле и ја прашале дали е свесна дека можела да умре, таа рекла „Свевсна сум, но тоа е кул, целиот тој адреналин“.

Истата приказна е и со девојчето (12) од соседна Ингушетија, од градот Карбулака кој наводно била спасена само неколку часа откако требала да добие повик од администраторот на играта со упатство како да себе си си го одземе животот, пренесува RT.

Нивната среќа ја немаше малиот Конор Волмот (13) од Ирска кој починал на 11 мај, а кого неговото мртво тело го пронашол неговиот татко во полето во близина на нивната куќа во Сиксмајлбриџ.

Иако медиумите веднаш побрзаа да несреќниот тинејџер го поврзат со играта „Син кит“, неговиот татко Греб бил јасен.

„Јас го пронајдов и на основа на положбата на телото беше јасно дека беше во прашање некаква глупа игра која минала наопаку, но сигурен сум дека мојот син самиот себе си не си го одзел животот. Можеби на некој начин и бил поврзан со таа игра преку друштвото, но тој беше среќно дете и луѓето треба да знаат дека ова не е самоубиство“, изрично тврди таткото по бројните наслови во медиумите.

Тој на сите родители низ светот им порачува дека не се ни свесни колку деца се вплеткани во виртуелната стварност, затоа што за нив секоја стварност е реална, сакајте ги своите деца, обрнете внимание на нив, и тоа ќе ги спаси од се“, порача Грег.

Предизвикот „Син кит“ ги полни новинарските текстови уште откако во „Новој газета“ излезе информацијата се сомневаат дека во Русија дури 130 тинејџери умреле од последица на оваа игра, која се состои од 50 чекори кои децата треба да ги исполнат, а притоа 50 чекор е чекорот на самоубиство. Но, сите тие наводи за самоубиства, освен за 16, не може со сигурност да се проверат.

Постојано во медиумите може да се прочитаат приказни за наводните жртви на оваа игра, како и регионалните кои тврдат дека играта се шири и зема замав и на Балканот. Останува да се надеваме дека децата и родителите ќе бидат доволно известени да ги спречат последиците од оваа опасна игра.

Едно е сигурно, чувствителните и поводливи тинејџери се мета на разни влијание, особено преку социјалните мрежи и интернетот, на кои се изложени на денешно време. Но, медиумите кои ја пренесуваат информацијата пренесуваат и дигаат паника и таму каде што можеби нема потреба да ја има. Насилието на интернетот, односно „сајбербулинг“, секако е се поприсутен и претставува се поголем проблем на кој се изложени сите, а особено тинејџерите, но експертите кои се занимаваат со оваа област се согласни со една работа – родителите се тие кои не смеат поради дневните обврски да заборават да се занимаваат со своите деца и да го контролираат нивниот пристап на интернет и содржините со кои се занимаваат, а таа одговорност паѓа токму на нив.

Се за играта „Син Кит“, прочитајте ОВДЕ:

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top