Режисерката Софија Теодор, револтирана од голем број додворувачи на Заев, го потврди тоа за што подолго време се укажува, дека Заев и социјалдемократите плаќале емисии и новинари кои би имале единствена цел да ги оцрнуваат ВМРО-ДПМНЕ и власта во Македонија.
Во скандалозно признание кое Теодор го објави на својот профил на „Фејсбук“ пишува дека чека лично Заев да каже дека тој и партиското раководство „ме плаќаа за моите емисии 2014-та година“.
Откако ова признание одекна во јавноста, веднаш се активира партиската војска која сака да го намали неговото значење. Меѓу другите, тука се и истераната уредничка од Телма, Емилија Лазаревска, потоа платеникот Замир Мехмети, инаку брат на Ермира Мехмети, како и други наводни активисти кои се најдоа „погодени“ од нејзината искреност.
Сето ова не може да не се гледа и во контекст на оценките за македонскиот медиумски простор, по извештаите креирани од Заевите платеници, за кои зборува Теодор, а објавени од организации под Соросовата капа.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.