Роден на: 24 октомври 1960 во с. Челопек, Тетовско
Образование: Правен факултет во Скопје
Професија: Вртикапа
Уста ли е, пари ли се, но нешто овој пат смрди од главата. Факт е дека некои работи треба да се сменат коренито, а она што не може да се смени од корен, треба да се замени. Со свежи, неизвалкани и неоптоварени флертувачи, какви што нема во моментов . Заев даде гаранција, а за возврат доби мандат и по скопски спуштачи. Во скутот на мандатарот својот мир го гледа и бестрашниот лав исправен на браникот на татковината. Одамна е урнат митот за Братот Љубе, кој го продаваше името на државата пред посредник на Грција за предизборно финансирање на својата партија во 2011 година.
Посредникот: Само да знаеш грчката влада е воодушевена од тебе.
Љубе: Да.
Посредникот: Сѐ е досега како што треба, само, молим те Љубе, после тоа сакам и ти да придонесеш стварно да го решиме проблемот со името. Преку глава ни е.
Љубе: Јас сега им викам, го тепам Никола Груевски, му викам кого праша ти за Република Македонија Скопје… Охриѓаните ги праша, битолчаните, знаеш се навраќам на патриотска карта, за да ги добијам неговите гласови, тој игра на лажна карта… Знаеш, ќе им кажеш ти на твоите јас сега ќе глумам малце лудило, зашто Љубчо најотворено се лигави, Љубчо она што го прави тоа не е добро ни за Грција. Јас мислам вака – вика мора да се смени името Северна Македонија, оптимално решение и јас не го коментирам Љубчо. Јас ќе играм сега на патриотската, и после ај! Ќе го решиме во два дена со тебе заедно!
Посредникот: Мислам северна е перфектно име, нема тука, тоа е еден географски поим што го дава самото име.
Љубе: Така де, така е
Посредникот: Да бидам искрен, ништо не се губи.
Љубе: Мајката останува, е сега мајката да земела презиме придавка северна, јужна, не знам каква никаква, дека тоа врска нема. Тоа да не се секираш, тука тоа ти гарантирам.
Посредникот: И за националност, едноставно граѓани на Републиката.
Љубе: Тоа да не се секираш, тука тоа ти гарантирам.
Посредникот: Едноставно граѓани на Републиката.
Љубе: Така, така. Плус тоа нема поголем патриот од мене, јас сум робувал за Македонија. Јас кога зборам поинаку ме слушаат луѓето него некој лигуш таму кој немал ништо дадено…. Тоа немаш гајле.
Така зборуваше братот за 100.000 евра во ќесе.
Овој пат Братот зборува за да збуни. Ете, прва се збуни новинарката која го поканила да ѝ гостува во емисија.
–Ми заличувате како да зборувате со устата на мандатарот Зоран Заев. Можно ли е да му се приклучите во која било форма на кој било начин? Дали сте се сретнале периодов со Зоран Заев – прашува новинарката како да се преиспитува самата себеси.
Љубе, лесно како песна, потврдува дека веќе остварил контакт со Заев и му ги понудил своите партиски капацитети.
–Да, сме се сретнале со господинот Заев и ние немаме никаков проблем нашите кадри и способните луѓе од нашата политичка партија да ги понудиме како кадри кои ќе придонесат за демократизирање на државата – рече Бошковски.
Со оваа своја изјава Бошковски само ја потврди констатација која пред извесно време ја имаше Мане Јаковлески, еден од основачите на ВМРО-ДПМНЕ, кој за политичарите од ковот на Бошкоски ја употреби синтагмата „политичари на дугме“.
„Овие луѓе покажаа дека се политичари на дугме. Секогаш кога тоа му е потребно на сценаристот и кога ќе се процени дека тоа им е потребно на инструментот СДС, тие се појавуваат. Приметете, тројката политичари на дугме никаде ги немаше кога се создаваше Тиранската платформа, не кажаа ниту збор за обидите за промена на знамето, грбот, химната, кога се обидуваа да воведат двојазичност, да нѐ прогласат како род и држава за геноцидни. Никаде ги немаше да ја заштитат Македонија, а еве ги сега да расправаат за ВМРО-ДПМНЕ. Тие се само политичари на дугме, испостава, која е гласна, но безопасна. Тоа нема да помине“, напиша Јаковлески на „Фејсбук“.
Да се вратиме на збунувачкото интервју за да се дозбуниме. Како што најави, така и направи. Глуми лудило. Најавувајќи борба со аргументи, нудејќи му мегдан на Заев на македонската политичка сцена, небаре е претставник на половина милион Македонци, Бошкоски оценува дека Македонија оди во добар правец, дека има капацитет за излез од кризата, а како пример ги посочи Албанците, кои својот глас на предвремените парламентарни избори го дадоа за СДС, потег кој според него јасно дава до знаење дека сакаат соживот за подобро утре за сите.
– Ние сме свесни дека тоа се две различни политички идеологии и дека ние сега ги помируваме луѓето, а не идеологиите, и свесни сме дека еден ден на македонската политичка сцена ќе мора да се судрат ВМРО за Македонија и СДС. Но, тоа ќе биде една чиста политичка борба, борба со аргументи, најави Бошкоски од којзнае која позиција.
Хаос и лудило – толку има да ѝ понуди Братот патриот на Македонија.
Текстот е објавен во рубриката „Личност на неделата“ во 247 број на неделникот „Република“, кој излезе од печат на 26 мај 2017 г.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.