| четврток, 6 декември 2018 |

Заев понизно му се извинува на Вучиќ, Србите по средбата се потсмевале

Мандатарот и лидер на СДСМ, Зоран Заев, изјавил синоќа во Брисел дека му се извинил на српскиот премиер Александар Вучиќ, кого неодама го нарече „националистички водач кој се делкарира како лидер во регионот“, пренесуваат во четвртокот агенциите.

-Жалам за невниманието кое на нас политичарите ни се случува пред, за време или по кампања. Тоа беше момент на моја неспретност – изјавил Заев во Брисел, потенцирајки дека Македонија и Србија треба да ја унапредат соработката.

– Ние се ракувавме и верувам овој состанок којшто беше денеска покрај зацврстување на европските перспективи на целиот регион и нашите земји ќе значи и унапредување на соработката на нашите земји, така и на соработката помеѓу Македонија и Србија – изјавил Заев одговарајќи на новинарско прашање дали му се извинил на српскиот премиер и избран претседател Вучиќ, откако овој во изјава за српските медиуми рече дека лидерот на СДСМ му се обратил во врска со споменатите изјави кои предизвикаа жестоки реакции од Белград.

Агенцијата МИА пренесе дека Вучиќ изјавил: „Заев бил коректен, Србија сака да има добри односи со Македонија. И ќе ги имаме“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top