Во галеријата на Младиснкиот културен центар (МКЦ) денеска беше промовирана книгата „Мојата македонска приказна“ од Ацо Станкоски, академски сликар и публицист во издание на „Ѓурѓа“.
За книгата и авторот зборуваа новинарката Мирка Велиновска и амбасадорот Ристо Никовски.
Книгата е прв наслов во новата едиција, „Мацедонише цуштенде“ („Македонски состојби“), што издавачот ја покрена во годината во која ја одбележува 30-тата годишнина од постоењето.
Во текстот, авторот, со својот препознатлив остар и директен полемички начин на изразување, го изнесува својот став за актуелниот општествено-политички миг во Македонија. Интересен е фактот што Станкоски, всушност, во книгата полемизира и споменува повеќе од 100 личности актуелни на политичката и културната сцена во земјата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.