| четврток, 6 декември 2018 |

Цел Стокхолм е „црвено-бел“, навивачите на Манчестер далеку побројни во центарот

mancester junajted 1

Црвено-белата боја деновиве доминира низ Стокхолм. Двата клуба финалисти на Лига Европа ги имаат овие две бои како заштитен знак и преку 50.000 луѓе пристигнаа во главниот град на Шведска за спектаклот меѓу Манчестер Јунајтед и Ајакс.

Помногубројни се Англичаните кои допатуваа и со и без влезни билети и на црниот пазар нудат и до 1.000 евра за вредното парче хартија. „Црвените ѓаволи“ ги окупираа кафулињата и рестораните низ Стокхолм и и во трговскиот центар „Кол Скандинавиум“, кој се наоѓа веднаш до стадионот „Френдс арена“.

mancester junajted 2

Огромно е обезбедувањето на натпреварот и низ улиците, посебно засилено по терористичкиот напад на Манчестер пред два дена. Голем дел од англиските и холандските навивачи со чартер летови се враќаат дома утре во раните утрински часови.

mancester junajted

Мечот за избраниците на Жозе Мурињо е огромно значење бидејќи со евентуален триумф и освојување на титулата директно ќе се пласираат во Лигата на шампионите следната сезона, иако тоа не успеа преку домашното првенство во кое завршија на шестото место.

mancester junajted 3

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top