Избраниците на Лучијано Спалети се уште имаат теоретски шанси за шампионската титула, но главната цел на Рома е да го зачува второто место кое носи директен пласман во Лигата на шампионите.
Натпреварот против Киево би можел да биде еден од последните за легендарниот Франческо Тоти. Медиумите од Италија најавуваат дека Тоти сигурно на крајот од сезоната заминува во пензија, иако легендата на Рома уште официјално ништо не објавил.
Но, интересен момент се случи вчера пред заминувањето на екипата за Верона. Фоторепортерите се фокусираа единствено кон Тоти, а тој кратко им порача.
– Полека, ќе имате можност да ме фотографирате и следната сезона – прокоментирал Тоти.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.