| четврток, 6 декември 2018 |

Поради лудост на лекар, мозокот на Ајнштајн талкал низ САД цели 50 години

На 17 април 1955 година најголемиот научник од својата генерација, Алберт Ајнштајн отишол во болницата Принстон поради болки во градите. До следното утро починал поради внатрешно крвавење предизвикано од пукање на аорта.

Додека се ширела веста за смртта на големиот научник, во болницата се случувало нешто шокантно. Имено, бил украден мозокот на големиот мозок. Но, тоа е само почеток на прказната.

Доктор Томас Столц Харви работел тоа утро како патолог. Седум часа откако Ајнштајн бил прогласен за мртов, Харви започнал со аутопсија за која тврдел дека има дозвола.

Откако ја утврдил прочината за смртта, Харви го отстранил, го измерил и го извагал мозокот на научникот. Подоцна изјавил дека не ја видел дозволата, но знаел дека постои дозвола за аутопсија и дека претпоставил дека ќе се проучива мозокот на генијалецот. Но, и ден денес не постојат докази дека постоела дозвола за уатопсија.

mozokot na ajnstajn

Откако ги извршил сите пресметки и мерења, го ставил мозокот во формалдехид, ги зивадил очните јаболчици на Ајнштајн, кои му припаднале на офталмологот на Ајнштајн, д-р Хенри Адамс, а остаткот од телото го подготвил за кремирање.

Отстранувањето на мозокот и очите е спротивно од последната желба на научникот, кој пставил детални упатства дека сака целото негово тело да се кремира, а пепелта во тајност да се истурни на тајно место за да се спречи негово идеализирање. Тоа знали дека освен што немал правно и здравствено покритие, Харви постапил и спротивно од последната желба на научникот.

Постојат две теории зошто сепак го направил тоа.

Според првата, тоа го сторил откако го наговорил Хери Цимерман, личниот лекар на Ајнштајн, и ментор на Харви. Цимерман никогаш јавно не го потврдил тоа, иако потоа го барал мозокот на генијалецот.

Einstein_brain_-_T.Harvey

Втората теорија е дека Харви можеви бил инспириран од истражувањето на мозокот на Ленин, па „го понела атмосферата“.

Која и да е прочината, Харви на 19 април ретроактивно побарал од синот на Ајнштајн, Нанс Алберт, да го задржи мозокот, а овој му дозволил откако побарал да му вети дека внимателно ќе го истражува мозокот на неговиот татко и ќе ги објави откритијата во легитимни научни списанија

Кога Њујорк тајмс го објавил некрологот на Алберт, во него пишувало дека Харви извел аутопсија со дозвола на синот на починатиот, а пишувало и дека синот побарал испитување на мозокот на научникот.

Кога се проширила веста дека Харви го псоедува мозокот на Ајнштајн, ппчнале од целиот свет да му се јавуваат научници кои сакале да го проучуваат, а молба испратил и Цимерман, кој добил потврда дека прв ќе го има на увид. Потврда добил, но не и мозокот.

Набрзо болницита објавила дека мозокот ќе остане во Њу Џерси, па започнала голема битка за тоа кому му припаѓа мозокот на Ајнштајн. Технички гледано, болницата немала право на мозокот, туку Харви, кој го чувал во домашниот кабинет во тегла.

Наскоро Харви добил отказ, па на Универзитетот во пенсилванија со помош на техничар снимил илјадници слики (слајдови) од мозокот и го иситнил на 240 целулоидни коцки, Неколку парчиња му дал на Цимерман, а останатите во две тегли со формалдехид.

einstein_wide-f1300a37214a17fc44fe42aa2e831f53c53a127f

Потоа се развел, а поранешната сопруга му се заканувала дека ќе се погрижи за остатокот од мозокот. Бидејќи не сакал да дојде до тоа, го однел во Канзас, каде што почнал да работи како надзорник во биолошка лабораторија за тестирање.

Додека бил таму, мозокот го чувал во кутија под мал фрижидер. Следните 30 години Харви постојано се преселувал, а секаде со себе го носел и мозокот на Ајнштајн иако никогаш не објавил ниту едно истражување, Повремено му се јавувале научници на кои им испраќал форографии со надеж дека тие ќе ја објават неговата работа, т.е. дека ќе објават научен труд за мозокот на Ајнштајн.

За мозокот на Ајнштајн медиумите пишувале неколку пати, во 1978 г. Стивен Леви пишувал во „Њу Џерси мантли“, а во 1985 година е објавено првото истражување на мозокот на големиот мозок. Истражувањето го направила Маријан Дајмонд од УКЛА откако добила неколку сликички од Харви. Иако нејзиното истражување е далеку од некаков заклучок, сметала дека мозокот има повеќе гија клетки за секој неврон од другите, односно дека клетките имале поголеми „метаболитички потреби“, па им било потребно повеќе енергија, а тоа може да е причина зошто имал подобра умешност при концептуалното размислување. Поновите истражувања докажале дека тоа не е точно.

1388722209-0

Во 1988 г. Харви останал без лекарска лиценца, зашто не се појавил на време на стручен испит во Мисури, а неколку години поѕоа се сретнал со внуката на Ајнштајн Евелин во Калифорнија. На заминување Харви го заборавил мозокот што му го вратила Евелин, зашто не сакала да има ништо со него. Харви почна во 2007 година, а пред смртта мозокот ѝ го донирал на болницата Принстон.

brainsb

Денес делови од мозокот можат да се видат во музејот „Матер“ во Филаделфија, заедно со слајдовите, пишува Бизнис инсајдер.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top