| четврток, 6 декември 2018 |

Ѓоковиќ: Го одиграв најдобриот меч оваа сезона на земјена подлога

Најдобриот српски тенисер Новак Ѓоковиќ по вчерашната победа над Баутиста-Агут на мастерсот во Рим изјави дека го одиграл најдобриот меч во оваа сезона на земјена подлога и најави дека на натпреварите што следуваат ќе биде уште подобар.

– Мислам дека овој натпревар е мојот најдобар на земјена подлога оваа сезона. Се разбира дека сите тенисери посакуваат да ја подигнат својата форма пред настапот на Ролан Гарос, а јас сум среќен што полека успевам во тоа. Би сакал во ваков стил да го доиграм овој мастерс и да стигнам до самиот крај – истакна Ноле по победата.

Сепак, за Србинот да ја продолжи победничката серија во Рим вечерва ќе мора да одигра уште еден перфектен натпревар, бидејќи ќе се соочи со секогаш незгодниот, Хуан Мартин дел Потро.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top